четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Крис Корнел добива споменик во родниот град

Пејачот на групата „Саундгарден“ Крис Корнел, кој во мај беше пронајден мртов во хотелска соба во Детроит откако изврши самоубиство, ќе добие статуа во својот роден град Сиетл.

Вдовицата на Крис, Вики, изјави дека ќе биде потребно седум месеци да биде изработена статуата. Таа го одобрила подигнувањето на споменикот и изрази желба обожавателите на неговиот покоен сопруг да го одберат местото каде што ќе биде поставен споменикот.

 

Top