недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 76 ново

150 милиони денари од Буџетот за ЈП „Македонија пат“

Јавното претпријатие „Македонија пат“ ќе добие 150 милиони денари со планираните измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта.

Тоа е одлучено на вчерашната седница на  Владата, која разгледа  Информација за решавање на проблемите во Јавното претпријатие за државни патишта и во Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Донесена е одлука претпријатијата да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150.000.000 денари за потребите на ЈП „Македонија пат“, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од министерствата за транспорт и врски, и за финансии, и од Државната комисија за спречување на корупцијата, соопшти владината служба за информирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top