четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Алиоски претрча 70 метри и асистираше за гол на неговиот Лидс (видео)

Езѓан Алиоски продолжува да импресионира на своите први средби во дресот на Лидс, откако македонскиот ас одигра значајна улога во победата од 4-1 над Порт вејл во првата рунда од Лига-купот на Англија.

Македонскиот репрезентативец го почна мечот на клупата за резерви, а резултатот се до неговото влегување (57. минута) гласеше 1-1. Сепак, тој експресно внесе инвентивност и брзина во играта на својот тим, па за пет-шест минути Лидс набрзина даде два гола, оној вториот во акција што ја стартуваше токму нашиот интернационалец.

Својата одлична партија Алиоски ја комплетираше при четвртиот гол кога ја зеде топката од сопствената половина, претрча околу 70 метри, а потоа одлично го проигра во празно Екубан, кој биеше неодбранливо во мрежата на гостите.

Само за потсетување, Алиоски беше стартер во првото коло од Чемпионшип-дивизијата, кога со асистенција до Вуд придонесе за победата од 2-3 на гостувањето против Болтон.

Top