четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 0 ново

Вело-остров во паркот „Јане Сандански“ во Аеродром

Под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ денеска ќе биде промовирано паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром. Вело-островот е донација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“- Гевгелија.

Целта е да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, а воедно да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина, која е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година.

Во рамки на промоцијата, на првите 100 учесници ќе им бидат поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина. Настанот е дел од активностите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“. Финансиран е во рамки на програмата за акциски грантови на невладината организација Цивика мобилитас.

Top