вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 70 ново

Расказот „Во рогот на волот“ е добитник на наградата „Живко Чинго“

Расказот со наслов „Во рогот на волот“ на авторот под шифра „Чадор“ е добитник на годинашната награда за најдобар расказ што секоја година општина Охрид ја доделува во чест на нашиот познат писател Живко Чинго.

Членовите на комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“  во состав Димитар Пандев, Наташа Аврамовска и Славе Ѓорѓо Димоски во образоложението на нивната одлука истакнуваат дека расказот „Во рогот на волот“ се издвоил од останатите трудови со својата извонредна наративна изведба поигрувајаќи се со парадигмите на надреалистичкото искуство притоа актуелизирајќи ја Македонија како простор и крстосница на луѓе, времиња и народи.

На годинашниот конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“ до Комисијата пристигнале 58 наслови од кои покрај наградената во потесен избор за лауератот влегле уште и расказите „Црешата на Цар Самоил“ на авторот потпишан со шифра „Тајна историја“ и расказот „Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот“ под шифра „Ну погоди“.

Наградата на годинашниот лауерат ќе му биде доделена на манифестацијата „Вечери на Чинго“ што традиционално секоја година на 13 август се одржува во охридското село Велгушти, родното место на Чинго.

Top