понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 120 ново

Се премислија-Џоли и Пит сепак не се разведуваат?

Холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит одлучија да не се развeдуваат, бидејќи, наводно, тие ќе ги нормализираат своите односи. Бракот меѓу Џоли и Пит се распаднаа пред речиси една година.

Сега, сепак, актерката почна да се сомнева во нејзината одлука, а за тоа најмногу придонела одлуката на нејзиниот сопруг да го смени своето однесување-пишува УС Магазин.

Забележано е дека веќе неколку месеци сопружниците не презеле вистински чекори во врска со разводот. Нивниот извор посочува дека тие се убедени дека немаат намера да се разведат.

И ако тоа биде официјално објавено, тоа никој нема воопшто да ги зачуди, тврдат извори.

Во септември 2016 година, Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит. Потоа Бред почна да се лекува од алкохолна зависност и ослабна до непрепознатливи размери.

На крајот на минатиот месец актерката во интервју за списанието Венити Фер кажа дека нејзиниот живот по разделбата се променил на лошо  и дека таа има сериозни проблеми со здравјето, кои се настанати на нервна база.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top