четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 0 ново

Бидете среќни што не сте богати-заради ова пукнал бракот меѓу Роман и Даша!

Сите веќе знаат дека Роман Абрамовиќ и неговата трета сопруга Даша Жукова се разведуваат, но не ја знаат и причината за овој равод. Сепак британски медиуми откриваат дека причина за нивната разделба е несогласувањето околу идејниот концепт на островот кој го купиле за 360 милиони фунти.

Рускиот милијардер кој е најпознат како сопственик на фудбалскиот клуб Челси откри дека се разведува од 36-годишната колекционерка на уметнички дела. Тие двајца наводно влегле во конфликт околу концептот на островот Нова Холандија во центарот на Санкт Петербург. Овој остров, кој е одвоен од историскиот дел на градот со три канали, станал сопственост на Амбрамович, а планот бил да го претворат во туристичка атракција. Според зборовите на преприемачот Антон Вуиме, Даша сакала тоа да биде од клупски тип како мала Ибица, додека Роман инсистирал да се изгради историски центар со ресторани, некој вид на мала Европа, што на крајот е и реализирано. Поради тоа страшно се скарале.

-Даша сакаше диско на отворено како на Ибица, додека Роман фантазираше за културен центар, со ресторани и изглед на мала Европа. Тоа на крајот и се оствари. Се скараа околу тоа во јавноста, три или четири пати- раскажал Вуиме.

Двојката живее одвоено од Божик,празниците Даша ги поминала во Хемптонс, додека нејзиниот 14 години постар сопруг бил сам во Русија.

Во Русија се зборува дека Абрамович веќе ја исплатил Даша, пред самата бракоразводна парница. Европските медиуми, сепак, шпекулираат колкав дел од колачот таа ќе добие. Богатството на Абрамович се проценува на седум милијарди фунти. Се зборува дека ова ќе биде еден од најголемите разводи во историјата.

Руската блогерка Елена Миро објавила дека тие се развеле во тајност уште во мај, додека московскиот адвокат Дмитриј Голобољев проценува дека Даша од разводот би можела да инкасира од 200 до 300 милиони долари. И Даша и Роман се цврсто решени сите детали околу разводот и судењето да ги задржат во строга тајност, што би било многу полесно ако би се развеле во Русија, но факт е дека парницата во Британија на Даша би и донела многу повеќе пари. Во Британија сопругата има право на половина имот.

Износот зависи и од тоа дали потпишала предбрачен договор.

Даша и Роман се венчале во 2008 година, но за тоа во јавноста не се знаело шест години. Даша Жукова никогаш не сакала за медиумите да зборува за сопругот и за нивниот заеднички живот.

Таа е ќерка на богат руски нафтен магнат, мајка и е научничка, а Даша растела опкружена со интелектуална елита и студирала на врвен американски универзитет. Се откажала од идејата да биде научничка и основала своја модна марка. Таа денес е искусна колекционерка на уметнички дела и главна и одговорна уредничка на својот магазин „Гараж“. Исто така, поседува уметнички центар во паркот „Горки“ во Русија. Нејзината непрофитна фондација „Ирис“ промовира современа уметност.

На Роман, кој на четири години станал сираче, недостатокот на образование му е болна точка и покрај врвните вештини за бизнис, па забавна, убава и образована жена како Даша делувала како совршен избор.

Сега неименувани извори велат дека Даша се заситила од животот со човекот во чијашто сенка се наоѓа. Додека тој се движел во мачо опкружување на соработниците, таа отсекогаш сакала да биде во друштво на уметници и модната елита.

 

Top