понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Гори во Ѓорче Петров- нови пожари избувнаа кај Никиштани и Грачани и во Дебреште

Повторно гори во Општина Ѓорче Петров, овојпат во близина на селата Никиштани и Грачани. Од Центарот за управување со кризи известија дека пожарот е на непристапен планински терен и се шири кон реката Лепенец.

И покрај исклучително лошиот терен за гаснење на пожарот испратени се шест лица со две возила, но најверојатно ќе биде неопходна интревенција од воздух.

 Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, пред неколку дена апелираше до граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите, а претседателите на месните заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија, а тоа значи граѓаните активно да учествуваат во гаснењето на пожарите во рамките на своите можности.

Како што информира командирот на Територијалната противпожарната единица од Кавадарци Илчо Богевски, пожар избувна попладнево и над росоманското село Дебриште.

Горат нискостеблеста шума и сува трева на површина од околу три хектари.

На територијата на целата земја и натаму има активни пожари, често на многу непристапен терен поради што споро се одвива нивното локализирање

Top