среда, 23 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Коце Трајановски планира да се кандидира за уште еден мандат

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, ја најави својата кандидатура за претстојните локални избори. Тој планира повторно да влезе во трката за татко на градот, но тоа како што рече не зависело само од него туку од анкетите на граѓаните.

– Да, планирам да се кандидирам. Тоа ќе зависи од анкетите кои ќе бидат направени и врз основа на тоа ќе видиме дали во изминатиов период сме направиле доволно и дали граѓаните се задоволни од мојата работа. И врз основа на тоа ќе биде и мојата кандидатура, рече Трајановски.

Top