петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 76 ново

Да знаете само за што се скарале Роман и Даша

Роман Абрамович објави вчера дека се разведува од третата сопруга, Даша Жукова, а денес се открива и како почнала кавгата кој го предизвика најскапиот развод во историјата.

Причина е остров во центарот на Санкт Петербург, кој го купил Роман за 360 милиони фунти.

Островот Њу Холанд, кој е одделен од историскиот дел на градот со три канали стана сопственост на Абрамович, кој планирал да го претвори во туристичка атркација. Арно ама тука запнала работата – проблемот излегол од деталите. Роман планирал да изгради мини Европа на островот, а Даша си го замилувала како Ибица во Русија

-Даша сакаше диско на отворено акко на Ибица, а Роман сакаше културно средиште со ресторани, да личи на мала Европа. Тоа и го направи на крајот, но се испокараа за тоа во јавност, и тоа 3-4 пати, открива претприемачот Антон Вуим, пријател на Абрамовичи.

Тој тврди дека живееле разделено уште од минатиот Божик. Празниците 36-годишната Даша ги поминала со богатажи во Хамптонс, а 50-годишниот Роман бил сам во Русија.

#DashaZhukova

A post shared by @dasha_zhukova_fp on

Во Москва се полемизира дали Роман веќе ја исплатил поранешната сопруга или руската јавност допрва ќе се забавува со еден од најскапите разводи во историјата.

#DashaZhukova #RomanAbramovich

A post shared by @dasha_zhukova_fp on

Богатството на Абрамович се проценува на 7 милијарди фунти. Руската блогерка Елена Миро објави дека Роман и Даша се развеле во тајност уште во мај, а адвокатот Дмитри Голоболев проценува дека Даша би можела да добие 200-300 милиони долари во текот на разводот.

Top