вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 69 ново

Претседателот Борут Пахор ќе пешачи низ Словенија една седмица

Словенечкиот претседател Борут Пахор тргна на авантура во чии рамки планира една недела да пешачи низ Словенија, при што негова последна станица ќе биде Пиран.

Пахор и неговата мала екипа, во која се синот Лука и две претставнички за односи со јавноста, тргнаа многу расположени со ранци на грбот вчера попладне од Ходош, близу границата со Унгарија, а секој ден планираат да минуваат по околу 40 километри сѐ додека не стигнат до морето.

Во Пиран планираат да стигнат в понеделник, затоа што Пахор во вторник има службени обврски. За разгледување на словенчкиот пејзаж и за средби со граѓаните, од кои очекува поддршка на претстојните претседателски избори, Пахор користи годишен одмор.

Мандатот на актуелниот словенечки претседател истектува кон крајот на оваа година, а точниот датум на новите избори треба да биде објавен в петок. Тој во овој момент е фаворит за победа на изборите.

Top