четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 98 ново

Мурињо: Задоволен сум, среќа што во Премиерлигата го немаме Реал Мадрид

Жозе Мурињо на прес конференцијата по натпреварот вели дека е среќен што во Премиерлигата го нема Реал Мадрид.

-За среќа, во Премиерлигата го немаме Реал Мадрид. Иако имаме неколку топ тимови, но тие се различни и имаат различни квалитети. Нема други како играчите од средниот ред на Реал. Нема играчи како Модриќ, Крос, Касемиро или пак Иско.

-Во вториот дел пруживме борба, им креиравме проблеми и игравме фудбал кој не им се допаѓаше. Задоволен сум како реагиравме, на 2-0 имавме голема шанса, а потоа и на 2-1 Рашфорд излезе сам пред Навас. Се боревме до последнито свиреж и тоа е одлично.

Мурињо исто така се пожали дека водечкито гол на Касемиро бил од офсајд.

-Првиот гол кој го примивме беше од офсајд. Доколку не беше признаен, на полувреме ќе беше 0-0 и ќе зборувавме за еден сосема друг натпревар, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top