четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 125 ново

Откриено кој е човекот кој ги носи легендарните влечки кои го стаписаа Роналдо (Фото)

Човекот кој стана хит на социјалните мрежи со легендарните македонски влечки на кој не остана рамнодушен ниту Роналдо се вика Владо. Името на господинот го објави изреволтирана девојка од шегата која овие два дена е на сметка на влечките на овој човек, за кој како што пишува девојката Весна е токму тој кој се грижи за уредноста на теренот на гардискиот стадион. Во продолжение прочитајте преку Фејсбук објавата кој е всушност чичко Владо..

-Да ве запознаам, Чичко Владо го “изгради“ Градски, условно речено. Повеќето од вас уште во пелени биле кога тој го одржуваше како својот двор. Тревата што ја гледате совршено испеглана на секој натпревар е негово дело. Беше на овој терен и кога Бекамовци и кога Касандри и Рандуовци беа таму…Поголем респект имам за него отколку за тој до него, сакате навредете се фанови, сакале плачеле, сакале се смееле, на овој човек може само да му завидувате што носи “лајнарка“ пред Роналдо, додека вие воајирате на социјални мрежи и додека тој седи во прв ред, помеѓу ложата на Манчестер и Реал, вие ќе плачете пред ТВ во шупа 😍😘❤️

Top