четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 26 ново

Жулиет Бинош во нова улога во филмот „Откачени трудници“

Француската актерска со светско реноме Жулиет Бинош наскоро ќе ја гледаме во комедијата „Откачени Трудници“, во режија на Ноеми Саглио, која пристигнува во македонските кина на 17. август.

– Овој проект го прифатив без размислување од аспект на некомпактибилноста која се појави кога се сретнавме со Ноеми Саглио и Камил Котин – изјави Бинош, додавајќи дека не очекувала да добие повик да сними една вистинска француска комедија.

– Признавам дека ме привлече идејата да играм адолесцент, зошто мислам дека никогаш немав време за тоа, во духот брзо израснав, имав стекнато чувство за одговорност , ме понесе страста кон театараот, и немав време за губење – истакна Бинош.

Урнебесната комедија „Откачени трудници“ ни ја раскажува приказната за мајка и ќерка кои истовремено остануваат трудни. Камил Котин се најде во улогата на ќерката Аврил, која е згрозена од фактот што нејзината мајка (Жулиет Бинош), која наскоро треба да стане баба, станува мајка по втор пат.

Аврил и нејзината мајка Мадо се потполно различни. Аврил има 30 години, мажена, и има редовна работа. По стилот на живот се сосема различни со својата мајка, вечната тинејџерка, безгрижна и дрска. Но кога двете ќе останат трудни во исто време, конфликтот е неизбежен. Мадо не е спремна да стане баба, додека Аврил неможе да ја замисли својата мајка како … новопечена мама!

Top