среда, 23 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Стравично невреме ја зафати Европа, во Италија има и мртви!

По повеќедневните горештини во невремето коешто ја зафати северна Италија во неделата најмалку четири лица ги загубиле животите, а изведени се многу акции на спасување во планинските области на земјата, пренесуваат локалните медиуми.

Маж загинал од удар  гром во Мармолада, највисоката планинска група во Доломитите, објави италијанската новинска агенција ANSА.

Во долината Трамонтини во покраината Фурланија 41-годишна Белгијка смртно настрадала откако дрво се урнало врз нејзиниот шатор. Во Ломбардија, пак, жена загинала откако се лизнала од мокра пешачка патека. Во Кортина д’Ампецо, исто така, загинала жена во одрон на земја вез нејзиниот автомобил.

На локалните служби за спасување им се пријавени „многу настрадани“ во текот на викендот, а планинарите се предупредени да се придржуваат до предупредувањата за временските прилики.

Претходните денови во Италија температурите се искачија над 40 Целзиусови степени.

Вчера невреме со силен ветар и град ги зафати и БиХ, Хрватска, Словенија и Србија.

Top