среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Помалa брзина – поевтина патарина

Доколку имате обичај на автопатиштата да го издувате моторот и да возите со брзина поголема од пропишаната, ризиукувате да платите казна и тоа веднаш, на првата патарина.
Ова правило од неодамна важи во Србија, па ако возите во Србија, внимавајте.
Во Србија се мери колку време е потребно да стигнете од една до друга наплатна рампа ако визите со пропишаната брзина. Доказ за тоа е ливчето што го добивате на првата рампа, а на него е назначена и просечната брзина. Иако засега се работи само за предупредување, многу набрзо ќе почнат да летаат казни.
Идејата е возачите кои ја пречекориле брзината да бидат запирани веднаш по рампата и да им се пишува казна.

Top