четврток, 22 февруари 2018 | Вести денес: 114 ново

Стојанче Ангелов фамилијарно се врати во МВР

Поранешниот полициски генерал, Стојанче Ангелов се враќа во МВР. Одлуката ја соопшти и на Фејсбук.
„По долго размислување, во согласност со препораката на раководството на “Достоинство”, откако го известив врвот на коалицијата “ВМРО за Македонија”, одлучив да го прифатам предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски да се вратам назад во МВР”, напиша Ангелов во посто насловен „отпишаните”.
Тој додава дека заедно со него назад во МВР се враќа и неговата сопруга Јасминка Ангелова која таму работеше повеќе од 14 години, сѐ до март 2015 година, кога поради одлучи да си даде отказ и го напушти МВР, како што пишува Стојанче, поради нечовечен однос кон неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top