понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 53 ново

Почина актерот кој го гледавме во филмовите „Хари Потер“ (Фото)

Британскиот глумец Роберт Харди, најпознат по улогата на волшебникот Корнелиус Фаџ од серијалот филмови за Хари Потер, почина вчера на 91-годишна возраст.

Актерот живееше исполнет живот и имаше „огромна театарска, филмска и телевизиска кариера, што траеше повеќе од 70 години“, стои во соопштението до јавноста на неговото семејство.

Харди е роден на 29 октомври 1925 во англсиката област Глаучестершир. Други негови позначајни улоги се онаа на Винстон Черчил во неколку ТВ проекти, како и неговиот удел во „All Creatures Great and Small“ – една од подолгите британски сапуници во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top