сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 30 ново

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС му се побитни луксузните вечери со Каракачанов отколку здравјето на граѓаните

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат невладините организации на Соросовата фондација кои се прогласуваат за заштитници на здравјето на граѓаните и животната средина, сега да се огласат и да ја осудат неработата на владата на СДСМ.

Неспособноста и неодговорноста на СДСМ ја претвора Македонија во голема еколошка катастрофа, и од нивната непосветената влада досега наместо проекти видливи се само диви депонии, депонии кои горат а никој не ги гаси, и пожари на речиси секој дел од нашата земја со коишто власта не умее да се справи, реагираа во петокот од ВМРО-ДПМНе.

„Пожарите горат, а владата на Заев се чешла. Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во Ѓорче Петров, како и со пожарот во Македонски Брод кој веќе неколку дена се шири, а владата на СДС не се потруди да го запре и угаси бидејќи за нив се побитни луксузните вечери со Каракачанов отколку здравјето на граѓаните“, се истакнува во соопштението.

Се посочува дека истовремено додека граѓаните се гушат во чадот од депониите во Струга, Арачиново и Тетово, функционерите на СДСМ се среќаваат со амбасадори „по луксузни хотели и јадат октоподи и морски плодови“.

„За овие неполни два месеца поради својата негрижа и неажурност 26 министри во владата на Заев со него на чело дозволија во секое место од државата да се случува еколошка катастрофа. Граѓаните да бидат оставени сами на себе и самите да се справуваат со овие еколошки проблеми“, се вели уште во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат невладините организации на Соросовата фондација кои се прогласуваат за заштитници на здравјето на граѓаните и животната средина, сега да се огласат и да ја осудат неработата на владата на СДСМ.

„Доколку тоа овие невладини организации не го сторат, на македонската јавност ќе ѝ докажат дека биле и останале мегафони во рацете на СДС кои служеле само да ја критикуваат владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се порачува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, исто така, порачува дека власта конечно треба „да ги засука ракавите“ и да почне да работи во полза на граѓаните, а не да де однесува како проблемите да не постојат.

„СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев, кој ќе биде поразен и делегитимиран“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top