недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Работнички го доби противникот во квалификациите Еврокупот на ФИБА

Најтрофејниот македонски клуб Работнички по 13 години се враќа во европските купови, а прв противник при кам-бекот ќе му биде Парма од Перм, Русија.

Станува збор за тим кој последната сезона ја заврши како 13-пласиран во домашното првенство, а стигна во полуфиналето од Купот на Русија. Минатата сезона беше втора за клубот во елитната конкуренција откако претходно настапуваше во Втората лига.

Првиот натпревар Работнички го игра како гостин на 20 септември, а реваншот е една недела подоцна во Скопје. Ако помине, нашиот клуб во второто квалификациско коло ќе се сретне со Ле Портел од Франција.

Во случај да ги помине двата квалификациски круга во Еврокупот на ФИБА 14-кратниот македонски првак ќе влезе во главната фаза во која ќе играат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top