понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Македонија гори, Заев позира: Пожарот во Македонски Брод се проширил, нов пожар во Зрновци

Има ли влада оваа држава? Десетици пожари се активни на целата териотирја на државата, а ниту премиерот, ниту министрите не покажаа грижа за населението кое е оставено со денови самото да се справува со огнената стихија. Илјадници хектари шума изгореа, а огнт имс е заканува и на населените места. Додека Македонија гори, Заев е фокусиран на остварување на антимакедонската платформа и на позирање со Макј Пенс во Црна Гора.

Граѓаните се чувствуваат беспомоно и инзневерено, досега не се случило при голема катастрофа премиерот да не биде меѓу нив. Многупати се одложувале и или прекинувале службени или приватни патувања, но овојпат премиерот оцени дека поважно му е да позира во Погорица отколку да биде меѓу луѓето во загрозение подрачја.

Нема влада да ги чуе очајните крици на жителите на Требовље: Влада, праќајте помош веднаш, имаме огнени јазици високи 80 метри (ФОТО+ВИДЕО)

Пожарот во атарот на с.Требовље во општина Македонски Брод се уште е активен, но засега нема опасност за селото, информираат од Центарот за управување до кризи.

Според податоци до осум часот утрото, за овој југозападен плански регион, спречено е и напредувањето на пожарот кон с.Растеш и тој дел од пожарот се контролира. На овој простор дејствувале припадниците на АРМ, ТППЕ Скопје, ШС Македонски Брод и ШС Кавадарци.

Во Тетовско-полошкиот плански регион пожарот, кој што е активен во с.Здуње во Македонски Брод има тенденција за проширување на атарот на с.Гургурница во општинаТетово.

Шумскиот пожар во реонот помеѓу селата Девич и Грешница, е акивен, но моментално нема опасност во населено место. Во гасење на овој пожар интервенираат ТППЕ Македонски Брод и ШС Македонски Брод.

Пожарот што подолго време е активен во реонот на Македонски Брод, во попладневните часови вчера се префрлил на територијата на Општина Гостивар, во атарот на селата Корито и Железна Река. Пожарот е на непристапен терен за возила. Зафатена е површина обрасната со сува трева, смрека како и мешана шума. Во гасење на пожарот кај с.Железна Река интервенира екипа од ШАР Гостивар. Истиот од страната накај с.Страјане и кај манастирот е локализиран, додека од спротивната страна е сеуште активен. ШС „Шар“ – Гостивар, известува дека во атарот на с.Корито гори сува трева и пасишта и состојбата таму не е опасна.

Во Источниот плански регион во текот на вчерашниот ден, во претпладневните часови на потегот помеѓу селата Теранци и Видовиште (опш.Зрновци – Кочани) кај м.в.Трнавица избувнал шумски пожар во ниска шума и започнал да се шири спрема манастирот Света Петка на планината Плачковица. Во гаснењето на пожарот учествуваат ТППЕ Кочани, ШС „Осогово“ – Кочани и лица од месното население. Од последните информации пожарот не е локализиран и веќе е проширен на висока шума. Побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучи и хеликоптер. Пожарот е активен, но не претставувал опасност за селата во таа област. Од утринските часови интервенираат ТППЕ Кочани, се наведува во соопштението од ЦУК.

Во Скопскиот плански регион од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје известуваат дека во текот на вчерашниот ден од 21:45 часот, интервенираат на запалена шума во атарот на с. Студеничани, општина Студеничани.

Во Пелагонскиот плански регион во текот на вчерашниот ден околу 14:30 часот се појавил пожар во атарот на с.Локвени кон с.Подвис, про што зафатена е деградирана дабова шума. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Крушево, ТППЕ Кривогаштани, лица од месното население и вработени во ШС „Липа“ – Крушево. Во близина на пожарот е и манастирот „Св.Атанасие“ – с.Локвени. Во утринските часови на терен интервенираа ТППЕ Крушево и ШС „Липа“ – Крушево.

Во Повардарскиот плански регион има активен пожар кој ги зафаќа падините на Горна Јакупица. Пожарот е на тешко достапен терен. Во гасењето биле ангажирани вработени на ШС „Бабуна“ – Велес. Во доцните попладневни часови, во атарот на с.Богомила, м.в.Сеченица повторно се појавил пожар со кој е зафатена сува трева и ретки дрва. На овој пожар интервенирала екипата од ШС „Бабуна“ – Велес, наведуваат од ЦУК.

Top