понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Измериле температура на бел и црн автомобил, разликата е двојна

Метеоролозите велат дека денес ќе бидат измерени 40 степени. Секако, под сенка. Тоа што сигурно нема да ви кажат е колку изнесува температурата во автомобил кој 8 часа се печел на сонце.

Денес решивме да откриеме во кој автомобил е поголема температурата – црн или бел. Општо познато е дека црната боја привлекува повеќе сончеви зраци од белата, но дека разликата во температура измерена на хаубата на црниот и белиот автомобил е толку голема, не можевме да поверуваме.

Термометарот покажал 36.9 степени на хаубата на белиот автомобил и неверојатни 72,6 на хаубата на црниот автомобил.

Ако купувате нов автомобил, сепак, подразмислете за бојата.

Top