недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Хит на Синан Сакиќ ечи на техно-фестивал во Белгија (ВИДЕО)

Песна од Синан Сакиќ направила хаос на фестивалот „Тумороуленд“ во Белгија. Шведскиот диџеј Салваторе Ганачи (31), кој по потекло е вод БиХ, направил вистински хаос на фестивалот „Тумороуленд“ во Белгија, кога во сетот електронска музика вметнал и делови од песната „Одкад сам се родио“ на фолкерот Синан Сакиќ. Овој успешен обид, всушност, не е прв пат да се вметнуваат фолк-елементи во техно-сетовите. И диџеј Соломун на „Дајнамик аутдор“ во Барселона направил ваков излет пуштајќи песна од Миле Китиќ.
Вистинското име на Салваторе е Емир Кобилиќ, а во неговото ремек-дело уживајте од 12:26 минута.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top