понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

ЕХФ ја исфрли Грција од ЕП во Македонија

Кадетската репрезентација на Грција е исфрлена од Европското првенство за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје.

По скандалот што кадетките од нашиот јужен сосед го направија вчера, во мечот со репрезентацијата на Македонија, Европската ракометна федерација (ЕХФ) експресно, денеска донесе одлука, Грција да биде суспендирана и казнета.

– Отворена беше постапка против грчката федерација и дисциплинската комисија одлучи дека тие имале обврска да го играат мечот според правилникот на ЕХФ. Според членот 7 од листата на казни на ЕХФ; Грција е исфрлена од шампионатот, а според членовите 12 и 14.1 од правилникот резултатот се регистрира со 10. Грција исто така е казнета со 25 илјади евра, како и останати трошоци можеби ќе треба да се платат. Комисијата сопре донесување на други суспензии за грчката федерација. Грците имаат право на жалба, но сооглед дека првенството се игра, таа жалба нема да има никаков ефект, објави ЕХФ.
Потсетување дека вчера мечот меѓу Македонија и Грција траеше само 32 секунди, по што Гркинките се повлекоа, бидејќи на маиците на нашиот стручниот штаб пишува Македонија.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја исфрли Грција од ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 – години што се одржува во Македонија. Грчкиот тим е исфрлен, а нивната федерација ќе плати и 25.000 евра казна, плус трошоци што можат да се појават. Натпреварот меѓу Македонија и Грција е регистриран со службен резултат од 10:0 за Македонија.

Оваа одлука е донесена откако грчката репрезентација се повлече од теренот на мечот со Македонија. Тоа го сторија затоа што на опремата на нашиот тим што ги носат официјалните лица од нашата репрезентација пишува Македонија. Грција бараше да ги извадат маичките, а откако тоа не беше сторено, побараа тајм аут, се консултираа со нивната федерација и по тоа го напуштија теренот. Претходно им сметаше и логото на првенството.

Во меѓувреме како што и се очекуваше, се обидоа во ЕХФ да издејствуваат казна за македонската репрезентација РФМ и да го добијат мечот службено. Сосема очекувана реакција која не минува во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top