недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Отворена изложбата „Мајки, Божици и Кралици“ во Софија

Вчеравечер во КИЦ на Република Македонија во Софија, беше отворена изложбата “Мајки, Божици и Кралици” од ликовниот уметник Благојче Наумоски-Бане. Изложбата ја отвори директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров.
Во оваа необична ликовна концепција, низ визурата на авторот преку геометризирана естетика на препознатливи женски ликови, може да се следи авторова преокупација и потрага по енергијата од принципот на божественото, изразена преку геометриски форми.
Благојче Наумоски е роден 1985 г во Кичево, Р Македонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2007 г), на педагошкиот оддел сликарство во класата на проф.Рубенс Корубин. Магистрира од областа на сликарството во класата на проф. Јован Шумковски (2009 г). Од 2012 г. работи како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универитет во Скопје, а од 2016 г, станува доцент на истиот факултет. Изложувал во Берлин, Њујорк, Отава, Љубљана, Париз, Прага, Виена, Хаифа, Приштина. Ова е негово прво самостоно претставување во Софија.
Изложбата е дел од годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија за 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top