среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Старски рецепт на влашките домаќинки: Највкусната слатка пита од суво грозје и сливи!

Состојки:

  • 600 гр кори за пита
  • 100 гр суви кајсии
  • 80 гр суво грозје
  • 60 гр суви сливи
  • 200 гр ореви
  • 400 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 3 дл вода

Начин на подготовка:

Кајсиите и сливите исечкајте ги на коцки, а оревите сомелете ги крупно и измешајте ги со суво грозје.

Наредете по три кори, а потоа посипете со фил и свиткајте. Печете во рерна на 200 степени околу 15 минути.
Во меѓувреме згответе сируп од вода, шеќер и ванилин шеќер, па прелијте ја врелата пита.

Top