петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 0 ново

Ајкула се качи на рибарски брод (ВИДЕО)

Несекојдневна случка ги преплаши жителите на Лонгајленд во близина на Њујорк. Огромна ајкула се качила на чамец на кој се наоѓале луѓе, кои газ преку глава избегале во кабината и успеале да се спасат од ѕверката, пишува „Сан“.

Како што се гледа на снимката, ајкулата се заглавила во решетките на чамецот и почнала разулавено да се бори за да се ослободи. Гризела се околу себе.

На снимката се слуша преплашена жена и луѓе кои смислуваат како да ја ослободат ајкулата, За среќа, успеваат да ја ослободат и таа се враќа во морето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top