понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Општина Аеродром: Нашите врати се отворени, испратете инспекции

Обвинувањата за наводна скандалозна кампања на Општина Аеродром се во најмала рака смешни, бидејќи со тоа СДСМ продолжува да се однесува како опозиција, заборавајќи дека е власт.
Доколку навистина има неправилности во работењето на Општина Аеродром, реагира општина Аеродром на обвинувањата на Златко Марин, претседател на ОО-СДСМ Аеродром,  како што се тврди, вратите на општината се отворени и државните органи кои се под команда на СДСМ и можат слободно во секое време да дојдат и да проверат.

„Општина Аеродром работи беспрекорно законски и транспарентно и до сега, само во последните 4 години, се реализирани преку 200 проекти во интерес на нејзините жители, нема ниту денар долг и има обезбедени средства за непречено функционирање во наредните 4 години.
Тоа се факти кои СДСМ не може да ги занемари, така што секојдневните безидејни прес-конференции се само безуспешен обид за себепромоција“, пишува во реакцијата од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top