вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Летно време заработуваат и до 9.000 евра-ова е една од најплатените работи

Летната сезона одамна започна, па на луѓето им се укажа нова шанса за добра заработка. Никој од туристите не може да одолее на храната на плажа, а токму оваа работа носи можност за дополнителна заработка.

Продавачите на крофни на плажите во Црна Гора велат дека во летните денови за еден ден може да се заработи и до 300 евра, а цената на една крофна се движи од 1 до 1,5 евра.

Покрај крофните, продавачите продавачите продаваат и палачинки чија цена се движи околу 1,5 евра што е можност плус за заработка.

Доколку се земе во предвид дека еден продавач дневно има околу 50 купувачи, тој за три месеци може да заработи 6.750 евра.

Во популарните летувалишта во Црна Гора парче пица чини 2 евра а плескавица околу 1,5 евра.

Доколку цената е нешто поголема тогаш се зголемува и заработката која за три месеци може да биде најмалку 9.000 евра.

Пченка може да се најде од 1 до 1,5 евра, а како единствен проблем за продавачите претставува движењето по топлото време изложени на сонце по врелиот песок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top