вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер со шокантно признание: Прашокот за перење и „нутелата“ не се исти…

Претседателот на ЕК Жан Клон Јункер признал по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо дека навистина има проблем со двојните аршини за намирници и стока.

Јункер оценил дека тој проблем не е безначаен и дека таа практика на различен состав е неприфатлива, но рекол дека верува дека нема да биде потребно поради тоа да се воведуваат нови европски закони.

– ЕК смета дека проблемот на различни производи со исто име не е безначаен, ќе му посвети целосно внимание – рекол Јункер на заедничката конференција за новинари со Фицо, јави словачката ТВ ТА3.

Таа практика, на пример, во сувомесните преработки за новите Европејци да има помалку месо и повеќе адитиви иако цената е речиси иста, а некогаш на Западот и помала, или прашокот за перење подобро пере во западна Европа отколку на исток, за Европската комисија е неприфатлива, но според зборовите на Јункер, засега не се потребни за тоа посебни нови прописи, иако во иднина не ги исклучува.

Словачкиот премиер Фицо на состанокот во Брисел дошол како емисар на целата Вишеградска четворка, која во последните години сѐ погласно бара тие земји да престанат да бидат канта за ѓубре на Европа, и Чесите, Полјаците, Словаците и Унгарците да имаат целосно право под исто име да добиваат производи од ист состав и квалитет.

– За мене е најважно ЕК што го призна проблемот и дека ќе дејствува да се реши. Нема врска како ќе го решава. Сеедно ми е дали мачката е црна или бела, главно е да лови глувци – рекол Фицо.

Премиерот на Словачка одбил повторно дека се работи за смешен проблем и изразил надеж дека таквата практила што ги претвора Словаците во Европејци од понисок ред постепено ќе исчезне.

Чешката еврокомесарка Јоурова, која, исто така, активно води борба производите во Европа да бидат со ист квалитет, предупредила претходно дека сега веќе членките имаат национални контролни механизми со кои би можеле во голема мера да ја искоренат таквата практика на двојни аршини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top