вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 107 ново

Галатасарај се засилува со миленикот од Барселона

30-годишниот турски интернационалец Арда Туран до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Барселона и ќе се врати во Галатасарај. Турските медиуми на големо пишуваат за можноста Галатасарај да го убеди својот некогашен капитен да се врати во „црвено-жолтиот дел“ на Истамбул.

Претседателот на клубот дури и го најави трансферот, иако фудбалерот е со Барса на американската турнеја.

– Арда се враќа во клубот и ќе ја добие капитенската лента – рече првиот човек на Галатасарај, Дурсун Озбек за „Фанатик“.

Туран играше за Галатасарај од 2004 до 2011 година, па го засили Атлетико Мадрид и од 2015 година кога Каталонците на Атлетико му платија 40 милиони евра, им се придружи на Меси и Нејмар во нападот.

Арда Туран во Галатасарај ќе настапува како позајмен фудбалер, од Барса заминува со 55 одиграни натпревари 15 постигнати гола.

Top