четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 13 ново

Јуве одбраната на титулата ја стартува против Калјари, реновираниот Милан гостува кај Кротоне

Италијанскиот првак Јувентус ќе ја стартува одбраната на шампионската круна во Серија А со натпревар на домашен терен против Калјари. Во првото коло од новата сезона, кое е закажано за 20 август, Рома ќе и гостува на Аталанта, а реновираниот тим на Милан, кој има големи амбиции, ќе оди на гости кај Кротоне.

Џенова на Горан Пандев, на стартот од сезоната ќе има дуел на гостински терен против Сасуоло, а веќе во второто коло ќе го пречека шампионот Јувентус. Новиот калчолигаш Беневенто, чиј член е Никола Јакимовски, во првото коло ќе и гостува на Сампдорија.

Наполи исто така ќе игра на гости, кај новиот калчолигаш Верона, додека за дерби се смета дуелот меѓу Интер и Фиорентина.

Top