понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 53 ново

Барселона замената за Нејмар ја бара во Англија

Претставници на Барселона се наоѓаат во Лондон, каде наводно треба да преговараат за потенцијалниот трансфер на Филипе Кутињо од Ливерпул.

Каталонските медиуми ја пренесоа оваа вест и најавија дека тимот на Валверде се помирил со фактот дека Нејмар ќе си замине во ПСЖ и започнал да ја бара неговата замена. Бразилскиот фудбалер од Ливерпул е голема желба на Каталонците, но нивната прва понуда од 72 милиони фунти беше одбиена.

Јирген Клоп е убеден дека клубот нема да го продаде еден од најдобрите фудбалери по никоја цена, но понуда од 100 милиони тешко дека ќе биде одбиена.

Кутињо овој јануари потпиша нов петгодишен договор со премиерлигашот за годишна плата од осум милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top