вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 69 ново

Возило со странски таблички се заби во мотокултиватор, загина возачот

Страшна сообраќајка се случи утрово на регионалниот пат кон Делчево, кога возило со странски привремени таблички удрило во мотокултиватор.

За жал, од силниот удар на лице место загинал возачот на мотокултиваторот, кој од силниот удар излетал и паднал на колата, пренесе Канал77.

Засега идентитетот е непознат, ниту причините за несреќата, познато е само дека двајцата возачи се од Делчево.

Top