вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Контроверзни снимки на принцезата Дајана: Имавме секс еднаш во три недели

Нови и непознати материјали почнуваат да се појавуваат во јавноста две децении по смртта на британската принцеза Дајана, а насоро на телевизија ќе бидат прикажани снимки од покојната принцеза со нејзниот инструктор за јавен говор, пренесува британскиот весник „Ггардијан“.

Снимките се направени во раните деведесети, кога Дајана побарала помош од Питер Сетелен за нејзините јавни настапи. Тој и давал инструкции во приватанта резиденција во Кинсингтон. Снимките завршиле во Скотланд Јард, бидејќи нејзиниот батлер Пол Барел во јавноста прикажа интимни момент од кралскиот двор. Содржината на снимките била толку чувстивителна така што обвинителството не сакало да ги користи во судењето на Барел, а некои делови за огромна сума пари биле продадени на американската куќа „Ен-би-си“.

Нивното прикажување предизвика толку контроверзи така што дури и еден парламентарец ги молеше британските медиуми да не ги објавуваат, барем додека се живи синовите на Дајана, принцовите Вилијам и Хари.

Правта ги откупил „Би-би-си“ во 2007 година, за 30 илјади фунти. Снимките биле дел од документарарецот, можеби и најважни, кои никогаш не бил објавен, а трошоците ја надминале и сумата од 100 илјади фунти.

– Отидов кај кралицата и се расплакав. Ја прашав што да направам, а таа ми одговори: Не знам. Нема надеж за Чарлс – говори Дајана на снимката додека опишува како барала помош од Елизабета откако дознала дека Чарлс ја продолжил врската со Камила Паркер.

Според пишувањето на „Телеграф“ Дајана открива дека 13 пати се видела со принцот Чарлс пред брајот.

– Понекогаш се јавуваше секој ден во неделата. А потоа три недели го немаше никаде. Многу чудно однесување. Но, кога и да ми се јавеше, јас бев многу возбудена – раскажува Дајана.

Кога станува збор за нивниот сексуален живот, Дајана на снимката признава дека таа и Чарлс имале односи еднаш во три недели.

– Тоа со време ни стана норма. Еднаш во три недели да водиме љубов – изјавила Дајана.

Најверојатно постојат дваесет ленти на кои е снимен компромитирачки материјал, поради што Бакингемската палата се залагала тие никогаш да не ја видат светлината на денот.

 

Top