вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 69 ново

Две лица повредени во судир на мотор и автомобил во Стајковци

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која во неделата околу 23.30 часот се случила во скопско Стајковци.

-Во несреќата учествувале автомобил „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С. (37) од Скопје и мотор „сузуки“ кој го возел скопјанецот И.С. (24), информираат од полицијата.

Со возило на итна медицинска помош мотоциклистот и сопатничката К.С. (24) биле пренесени во Ургентниот центар каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Top