понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Телефонска конференција на Русија, Украина, Франција и Германија за состојбата на украинскиот исток

Лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија разговарале телефонски околу решение за конфликтот на истокот на Украина. Владимир Путин, Петро Порошенко, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел прво го слушнале извештајот на претставникот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка во Украина за почитување на прекинот на оган.

„Лидерите потоа разменија идеи околу ситуацијата на југоистокот на Украина земјаќи ги во предивид сериозните препораки за примена на мировниот договор од Минск од февруари 2015 година“, се наведува во соопштението од Кремљ.

Ова е прв телефонски разговор во таканаречениот Нормандиски формат од почетокот на мандатот на францускиот претседател Емануел Макрон кој на крајот на мај побара тој состанок што побрзо да се одржи.

Лидерите се договориле да ги продолжат контактите вклучувајќи ги и оние на највисоко ниво.

Во тригодишниот конфликт кој ја подели Украина, до сега загинаа повеќе од 10.000 луѓе. Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека финансиски и воено ги поддржува бунтовниците, што Москва го демантира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top