четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 125 ново

По хорор сударот на Оспина и Педро: Состојбата по нокаутот не е сјајна (Видео)

Голманот на Арсенал Оспина го нокаутираше Педро при едно истрчување. Офанзивецот на Челси не можеше да се освести, а по новите испитувања состојбата не е сјајна

Состојбата е многу посериозна отколку што се мислеше. Мислевме дека е контузија, но Педро има повеќе скршеници на черепот. Би требало за десетина дена да се врати со маска на лицето, рече менаџерот на Челси Антонио Конте.

На пријателската средба во саботата меѓу Арсенал и Челси во Лондон, голманот на топџиите Давид Оспина жестоко го нокаутираше Шпанецот. Тоа беше двократен нокаут и Педро раскрвавен излезе од теренот. Не можеше да дојде при себе по силните удари од Колумбиецот па ноќта ја минал во болница каде му е констатирана контузија со рани на лицето.

При едно истрчување голманот со рацете покрај топката ја погоди и главата на Педро, па како да не беше доволно, при падот го удри и со телото и со коленото. Според многумина, тоа бил намерен нокаут.

-Апсолутно не! Сум бил фудбалер и знам дека такви ситуации се можни. Впрочем, тој одеше на топка- порача Конте.

Челси победи со 3: 0.

Top