понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Шоуто „Вивалдиано“ на Антички театар (видео)

Охридско Лето 2017 го најави мултимедијалниот проект, шоуто на Vivaldianno. Овој концертен 3Д спектакл со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, за прв пат во Македонија, ќе се одржи на 4-ти август 2017 година, на Античкиот Театар во Охрид.

Vivaldianno е безвременски музички проект составен од реномирани музичари од различни стилови со внимателно доделени улоги, кој e шарена мешавина на современата музика која се гради врз темелите на барокот.
Виртуозот на виолинана Jaroslav Svěcený и рок клавијатуристот и композитор Michal Dvořák, основачки член на Lucie (најпозната Чешка музичката формација на крајот на 20 век) покажаа огромен ентузијазам, со кој тие го развија овој мултигенерички проект кој треба да допре до сите слушатели без оглед на генерацијата и стилот.
Идејниот творец е продуцентот, рок пијанист и композитор Michal Dvořák, додека авторот е чешкиот музичар, сценарист и драмски писател Tomas Belko.
Тие почнале да испробуваат и создале експерименти од звуците на класични, етно и електронски музички инструменти.
Vivaldianno сега го сочинуваат оркестар на класични музичари и арт рок изведувачи, како и танчари и наратори.
Она што им дава друга димензија на шоуата на Vivaldianno е дизајнот на светлата и 3Д проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Kosuoke Sagimotoa.
Vivaldianno се претставуваат пред публиката со композициите на генијалниот италијански композитор АнтониоВивалди, но на нов и возбудлив начин преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи, а визуелните 3D ефекти и светлосно шоу придонесуваат за целокупното чувство на возбуда.

„Vivaldianno“ оркестар го сочинуваат: Jaroslav Svěcený – виолина, Michal Dvořák – синтисајзер, Radim Hladík – гитара, Jiří Janouch – гитара, Miloš Vacík – перкусии – удирачки инструмент, Ladislav Brom – ситар – жичан инструмент, Jaime Garvizu – кена – дувачки инструмент, Ondřej Smeykal – didgeridoo – дувачки инструмент.

Top