недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 63 ново

Депонијата во Тетово, ветувања, но не и дислокација

 

Продолжуваат ветувањата за дислокација на депонијата во Тетово, но веќе неколку дена ништо не се превзема во овој правец. Новата претоварна станица за комунален отпад која се отвори минатата недела во градот Тетово функционира, но отпадот кој што се наоѓа во старата дива депонија во градот сеуште стои таму. Дивата депонија е голем проблем како за граѓаните кои поминуваат од таму, така и за жителите на населбата Дарданија. Од јавното комунално
претпријатие Тетово, повторно велат дека се работи на носење на отпадот.

– Претоварната станица работи добро, со некои почетни проблеми кои ги решивме со соработниците од Скопје и сега се е во ред. Сите отпадоци се фрлаат во оваа претоварна депонија но исто така имаме два камиони кои носат во Гостивар. Кај старата депонија се чисти за еднаш засекогаш да се исчисти, рече Назиф Јашари од ЈКП Тетово.

Но, еколошкото друштво Еко Герила, рече дека новата станица е само дел од решението, а не решение на проблемот. Тие апелираат општината да ги отсрани отпадоците што е можно поскоро, во спротивно ќе им ги однесат пред општинската зграда на Општина Тетово.

– Мислам дека општината покажа дека е неспособна и дека не е заинтересирана да го реши тој проблем. Решението кое е направено на влезот на селото Требош е добро, но е дел од решението, во меѓувреме се труеме со планина од ѓубре на влезот од Тетово. Не знам дали е потребно да се однесе пред општината барем еден камион за да ги посетиме колку е тоа непријатно за жителите на оваа населба и да ги посетиме дека под итно треба да се реши оваа депонија, рече Арјанит Џафери од Еко Герила.

Градот Тетово со години се соочува со проблемот на отпадоците, додека пак на влезот во градот направена е дива депонија која од ден на ден се повеќе се шири со ѓубре и мртви животни кои исто така, се фрлаат од несовесните граѓани.

Top