среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Подгответе се- денеска сончево и топло со постепен раст на температурите

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи. УВ -индексот ќе има вредност девет.

Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Температурата ќе достигне до 37 степени.

До вторник, дневната температура ќе биде во секојдневен пораст. Почнувајќи од утре во голем дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност девет.

За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот. Промена и се посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот.

Top