недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Промовиран проектот „Добре дојде бебе“

Сите мајки што ќе се породат во Скопје од денеска во рок од 48 часа доколку сакаат пред да бидат испишани од породилното одделение можат за детето да добијат извод од матичната книга на родените. Услов е да се приложат личните карти на двајцата родители, кои треба да имаат одредено име на детето.

Ова го овозможува проектот „Добре дојде бебе“, кој Министерството за здравство денеска го промовираше на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Услугата од 1 септември ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија.

Проектот се воведува во соработка со „Мој термин“, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда – Управа за водење матични книги.

Top