недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Ексхумирано телото на Дали, ќе се прави ДНК-тест за татковство

Телото на шпанскиот надреалистички сликар Салвадор Дали вчера беше ексхумирано, по одлуката на судот во Мадрид, во корист на жена што тврди дека е негова ќерка.

Дали еднаш рече: „Големите гении создаваат просечни деца и не сакам да го поминувам тоа искуство“.

Но, Марија Пилар Абел мисли дека тој не си го одржал зборот, па побара да се изврши ДНК-тестирање.

61-годишната жена вели дека нејзината мајка, која била слугинка во една од сезонските домови на Дали во Порт Лигат, одржувала тајна врска со уметникот.

Авел бара да се спроведе тест за татковство.

Top