четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Премиерот на Швајцарија не работи 25 часа дневно и не ги вади децата од снег

Политичарите во Швајцарија не работат 25 часа дневно и не го вадат децата од снег.
Швајцарија е една од најбогатите земји во светот и сон на многумина кои не живеат таму.

На Твитер се појави одговор на прашањето зошто Швајцарија е таму некаде на врвот, а останатите не сме.

„Пред неколку години странските медиуми објавија фотографија од тогашниот премиер на Швајцарија како сам, без обезбедување, со метро, оди на работа и речиси никој во турканицата не го препознава, никој не му обрнува внимание. Тој ретко се појавува на телевизија. На вестите нема да слушнете дека премиерот ја примил оваа или онаа делегација, дека нашол инвеститори, дека продал фабрика…, нема да слушнете ни дека работи по 25 часа дневно, зашто работи само 8 часа дневно.

Швајцарскиот премиер седи во својот кабинет, во тишина, без камери, новинари, скапи автомобили со ротациони светла, обезбедување, без помпа.

Тој не ги вади децата од снег и не е секогаш на самото место.“

 

 

 

Top