сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 69 ново

Србов: На Заев му требаше еден месец да ја свитка кичмата на државата со договорот со Бугарија

Никола Србов во своето интервју за телевизија Алфа изјави дека во самиот старт држењето на толку важен договор во тајност создава сомнеж кај народот за импликациите кои ќе ги има договорот по македонските национални интереси. Тој потенцираше дека толку важен договор неможе да биде потпишан зад затворени врати.

– Спогодбата за добрососедство од 1999 година немаше обврзувачки карактер, и тоа беше одличен начин да се подобрат односите помеѓу двете држави. За разлика од спогодбата, договорот има обврзувачки карактер и обврски кои македонската држава мора да ги почитува, вели Србов.

Според него, секој народ има своја историја, по аналогија на нештата тоа значи дека ние со Бугарија не би можеле да имаме заедничка историја. Во договорот станува збор за два различни народи, но делот со заедничка историја ја поништува теоријата за два различни народи. Со овој договор ќе се оставарат соништата на бугарските иторичари кој со векови се обидуваат да ја присвојат македонската историја. Нивна примарна цел е да докажат дека во Втората Светска Војна во Македонија станувало збор за идеолошка војна на еден народ.

Србов истакна дека секоја држава има право на свои национални интереси и токму со овој договор Бугарија ги штити своите национални интереси и ние не би требало да имаме проблем со таквата политика. За Никола Србов проблемот настанува со тоа што ние денес

– Имаме домашни политичари кои не ги штитат нашите македонски интереси. Особено новата влада предводена од СДСМ,  ,,Сегашната влада не го гледа интересот на Македонија и македонскиот народ’’. 11 години некој цврсто стоел зад македонските интереси за Заев за еден месец да ја свитка кичмата со Бугарија и да се откаже од македонските национални интереси, додаде Србов.

Соработката со соседите и блиска соработка и добри односи со Бугарија за Србов е апсолутно важна, но не по цена на државните, националните и интересите на македонските граѓани. Со договорот се зафаќаат емотивни теми кои задираат во чуствата на секој поединец граѓанин на Република Македонија додаде тој.

Top