сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 79 ново

Пожарот кај Ница ставен под контрола

Околу 450 пожарникари успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар, што синоќа избувна во близина на медитеранскиот град Ница во јужна Франција.

Како што јави ДПА пожарот се доближил до село Кастанија, на околу 15 километри северно од Ница, но пожарникарите го спречиле неговото ширење кон куќите.

Според локалните власти, огнената стихија уништила околу 120 хектари површина, а поради густиот чад времено беше во прекин и сообраќајот по околните патишта.

Француските власти денеска предупредија дека сувото и топло време претставува зголемен ризик од појава на пожари во деловите на јужна Франција и на островот Корзика.

Top