сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 58 ново

Го заразил сина си со ХИВ за да не плаќа алиментација

Кога на својот син му вбризгал крв заразена со ХИВ, мислел дека нема да го гледа како расте. Меѓутоа, никој не се надевал дека синот, Брајан Џексон, 20 години подоцна ќе одлучува за судбината на својот татко на судење. Нервозниот Брајан влегол во судницата каде го чекал маж во затворско одело – неговиот татко Брајан Стјуарт.

Џексон влегол во судницата во сојузната држава Мисури за да даде изјава за која се надевал дека ќе помогне неговиот татко да биде задржан зад решетки. Имено, се води судска расправа за помилување на Стјуарт и приказната на Џексон би можела да биде пресудна. Брајан вели дека неговите родители се запознале на почетокот на 90-тите. Кон средината на 1991. година, неговата мајка останала бремена.

“Татко ми се радувал на моето раѓање, но се се променило кога заминал во војна. Кога се вратил од Саудиска Арабија, имал сосема поразличен однос кон мене”, вели Џексон и додава: “Се сомневал дека сум негов син, барал да се направи ДНК анализа, станал насилен кон мајка ми. Кога конечно го оставила, почнала тешката борба поради неплаќање на алиментација”.

“Твоето дете нема да го доживее петтиот роденден. Еднаш кога ќе те оставам нема ништо да остане зад мене”, велел тогаш Стјуарт. Почнал да работи како лаборант и секојдневно гледал примероци од заразена крв. Скришно ја однел заразената крв дома и велел: “Ако одлучам да заразам некој со еден од овие вируси, никој нема да знае што го снашло”.

Пред првиот роденден на Џексон, родителите прекинале речиси секаков контакт. Меѓутоа, кога завшрил во болница со астма, мајката го известила таткото дека нивниот син е болен.

“Претпоставила дека тој сакал да знае дека син му е болен”,. вели Брајан. Неговиот татко не се јавил, а неговите колеги од работа биле изненадени. “Брајан Стјуарт нема син”, рекле колегите кога се јавила мајката.

На денот кога излегол од болница, Стјуарт се појавил. Ја пратил мајката на Џексон во болничката кафетерија, а тие двајца останале сами во соба. Тогаш извлекол епрувета со заразена крв и му ја вбризгал на синот.

“Сакал да умрам за да не плаќа алиментација”, уверен е денес 24-годишниот Брајан.

Кога неговата мајка се вратила, малиот Брајан плачел на цел глас. Освен што бил заразен со ХИВ, крвните групи не биле меѓусебно компатибилни. Лекарите немале поим дека има смртоносен вирус во вените. Успеале на време да го вратат пулсот во нормала, да ја спуштат температурата и да го пратат дома.

Една недела по напуштањето на болницата состојбата му била се полоша. Следните четири години ги минал одејќи од лекар до лекар, од една до друга безуспешна дијагноза.

Една вечер, неговиот педијатар се разбудил од кошмар и речиси веднаш побарал ХИВ тестови. Тестовите покажале дека има три инфекции поврзани со таа болест. Лекарите се откажале и рекле дека нема шанси да преживее.

“Сакале да водам каков-таков нормален живот. Рекле дека имам уште пет месеци живот и ме пратиле дома”, вели Џексон. Со години бил на сите можни лекови. Цело детство живеел од ден за ден. “Едн ден би било се во ред, а еден час подоцна ќе се појавеше некоја инфекција и ќе завршев во болница”, се сеќава Џексон на своето детство.

Додека одел во училиште, децата го навредувале и се плашеле дека ќе ги зарази.

“Не само што се обиде да ме убие, туку и засекогаш ми го уништи животот. Одговорен е за злоставувањето во училиште, одговорен за годините на лекар. Направи пекол од мојот живот”, вели Џексон.

Џексон на крајот рекол дека му простил, но дека мора да сноси последици. Неговиот татко бил осуден на доживотна робија, а од 2011. година се бори за своето помилување. Оваа година, по сведочењето на Џексон, судот одлучил неговиот татко уште пет години да мине зад решетки.

Top