сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 77 ново

Пожар на француската ревиера: Огромни пламени на 15 километри од Ница (галерија)

Стотина пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот што изби на околу 15 километри од Ница, соопшти претставникот на локалната администрација Жан Габриел Делакртој.

Тој посочи дека огнот се разгорел синоќа и се уште не е изгаснат, но е ставен под контрола, а тројца пожарникари се полесно повредени.

Пожарот зафатил околу 120 хектари шума и се доближил до градот Кастанија, но за сега ниту една куќа не е оштетена.

Огнот минатите денови, потпомогнат од медитеранските ветрови ги погоди и Прованса и Корзика.

Top