вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Први жртви од невремето во Грција: Едно лице загина од гром, а романски алпинист е исчезнат на Олимп

Едно лице загина од гром, а романски алпинист е исчезнат на планината Олимп, каде температурата паднала до нулата, десетици поплавени автомобили, продавници, приземни апартмани и патишта во регионот на Солун и Ситонија, вториот крак од Хилкидики, а, исто така, и излеани реки од своите корита, како и огромни штети врз земјоделските посеви во регионот на Ахаија, на полуостровот Пелопонез, во јужна Грција, и Етолоакарнанија во западниот дел на земјата, е епилогот од невремето што од саботата вечерта до синоќа ја зафати Грција, јавија грчките медиуми.

Во летувалиштето Порто Карас поради надојдените води властите ги евакуирале туристите од тамошниот кампинг. Паднатите поројни дождови разурнале патишта и инфраструктура, а на оделни места предизвикале и свлечишта.

Според Солунско радио, странските туристи масовно го напуштиле регионот на Халкидики. Лошото време создало проблеми и на островот Лимнос, каде многу куќи биле поплавени. Фериботите во реонот на Рио-Антирио, пак, биле повлечени од големите бранови.

Грчките синооптичари за денеска очекуваат подобрување на временските прилики.

 

извор:мкњуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top