понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 78 ново

Ќе се искршат за да покажат која снаа е подобра-и Емина ја покажа свекрвата!

Односите на свекрва и снаа од памтивек се најкомплицирани во семејните врски, меѓутоа изгледа времињата се менуваат.

Две атрактивни и модерни пејачки, кои притоа се жени и мајки, посветени се не само на мажите и децата, туку и на жените кои ги родиле нивните мажи, свекрвите.

Така откако на Инстаграм, Јелена Карлеуша објави фотографија од нејзиниот сопруг Душко и неговата мајка, направена во кафеана, Емина Јаховиќ отиде чекор подалеку.

Имено таа објави фотографија  од прославата на роденденот на својата свекрва на која во дувањето свеќи и помагаат синовите на пејачката Јаман и Јавуз. Сопругата на турскиот пејач Мустафа Сандал покрај фотографијата напишала:Среќен роденден, бабо, бабо, најдобра си!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top